Меморандум за соработка помеѓу општина Теарцe и општина Витија- Република Косово

Градоначалникот на општина Теарце г-дин Нухи Незири денеска во неговиот кабинет го пречека градоначалникот на општина Витија-Република Косово, г-дин Сокол Халити каде потпишаа меморандум за соработка. Овој меморандум за соработка меѓу општина Теарце и општина Витија има за цел одржлива меѓународна соработка меѓу двете општини. Во рамките на оваа меѓународна соработка, предвидените цели на одржливо партнерство ќе се реализираат во областа на образование, културата, младите, спортот, во областа на животната средина, земјоделството, економскиот развој и во други области во интерес на граѓаните од двете соодветни општините. Посебна благодарност до амбасадорот на мирот Тахир Шабани за поддршката и иницијативата на оваа соработка.

Copyright © 2021 - Општина Теарце · All Rights Reserved