Надлежности на Советот на Општина Теарце
Органи на Општината се: Советот на Општината и Градоначалникот на Општината.
Советот е претставнички орган на граѓаните.
Состав
Советот на Општина Теарце се состои од 15 (деветнаесет) членови - претставници на граѓаните избрани на општи, директни и слободни избори со тајно гласање.
Мандат
Мандатот на членовите на Советот трае 4 (четири) години. Членот на Советот не може да биде отповикан.
Претседател на Советот
- Советот од редот на членовите на Советот избира претседател за мандат од четири години.
- Го свикува и раководи со седниците на Советот.
- Се грижи за организацијата и работата на Советот.
- Ги потпишува регулативите усвоени од Советот.
- Во рок од 3 (три) дена од денот на нивното усвојување му ги доставува на градоначалникот на општината за објавување.
- Го претставува Советот.
Свечена изјава
"Јас (име и презиме) свечено изјавувам дека правата и обврските на членот на Советот ќе ги извршувам совесно и дека при нивното извршување ќе ја почитувам Уставот, законот, регулативите на Советот и дека го штитам уставниот поредок на Република Северна Македонија."
Активности на Советот на Општината
Го усвојува Статутот на општината и другите регулативи
Го усвојува буџетот на општината и годишната сметка на општината
Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на Општината, во рамките утврдени со закон
Основа јавни служби во надлежност на Општината и го надгледува нивното работење
Именува членови на управните одбори на јавните служби, кои ги основа
Ги усвојува програмите за работа и финансиските планови за финансирање на јавните служби, утврдени од Општината
Ги усвојува извештаите за реализација на Буџетот и Годишната Сметка на Општината
Одлучува за издавање на лиценца за вршење на дејност од јавен интерес со општинско значење, во согласност со законот
Ги усвојува извештаите за работа и годишните сметки на јавните служби, создадени од Општината
Одлучува за начинот на располагање со имотот на Општината
Одлучува за начинот на вршење на финансиската контрола на Буџетот на Општината, во согласност со Законот
Го избира лицето кое раководи со Регионалната единица на Министерството за внатрешни работи во Општината, во согласност со Законот
Го разгледува и усвојува Годишниот извештај за јавната безбедност на територијата на Општината, кој му го доставува на Министерот за внатрешни работи и на Народниот правобранител
Може да даде препораки до раководителот на Регионалната единица на Министерството за внатрешни работи во областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот
Ако Советот не ги усвои извештаите, може да иницира постапка за контрола над материјалните и финансиските дејствија пред надлежниот надзорен орган.