Учесници на Јавниот Форум на Меѓународните трговски организации во Женева во Швајцарија

 

На покана на Светската трговска организација (СТО), градоначалникот на Општина Теарце , г. Нухи Незири е учесник на овој Меѓународен Форум на кој се дебатира за предизвиците на економскиот свет во сите правци на индустрискиот развој, технологијата и зелените агенти за создавање нови можности и изнаоѓање начини за излез по пандемијата, енергетската криза и конфликтот во Украина.

 

Првиот ден беа остварени голем број на средби со партнери од многу европски земји, како Италија, Германија, Шпанија и соседните земји, Грција, Бугарија, пред можноста за инвестирање не само во нашата Општина туку и пошироко.

 

Форумот ќе трае неколку дена, а активностите ќе ги следиме и во наредните денови.

 

 

 

Posted on September 12, 2023

Copyright © 2021 - Општина Теарце · All Rights Reserved