Во општинското основно училиште „Асдрени“, кај Гелоѓи и Пршовце, Општина Теарце, продолжуваат работите според планот и динамиката на планираните работи околу реконструкција на училиштето каде што е предвидено:
- Надворешна изолација на целата фасада на училиштето.
- Замена на покривот на старото училиште
- Реконструкција на спортската сала
- Поправање на подовите на сите четири училници.
Проектот е финансиран и покриен од Министерството за образование и наука.
Пред почетокот на новата учебна 2023/2024 година, завршени се работите на покривот на старото училиште, каде што е целосно завршено.
Овозможено е довршување на фасадата во предниот дел на училиштето каде што е главниот влез, дел кој беше приоритет поради движењето на учениците.
Во наредните денови ќе се работи на изолација и фасада на страничните делови на училиштето според предвидениот план.