Во пресрет на новата учебна 2023/2024 година, во текот на изминатата недела, сите училишта од Општината беа посетени од Секторот за образование при општина Теарца.
Целта на оваа посета беше да се види можноста за подигнување на нивото на инфраструктурните услови во сите училишта, па затоа дел од тимот беа и инженерите за инфраструктура и урбанизам на Општината.
Следно, ќе биде изготвен акционен план за активности или работи кои мора да се спроведат во блиска иднина за подобрување на условите за учење во училиштата.
Потоа ќе продолжиме со други неопходни и задолжителни активности за подигнување на квалитетот на образованието и зголемување на успехот во наставата на учениците од училиштата од општина Теарца.
Образовниот сектор, со целосна поддршка на градоначалникот на општината, г-дин Нухи Незири, ќе остане посветен, грижлив и работи во областа на образованието и воопшто за училиштата во општината.