Кризниот штаб одржа вонреден состанок

 

Итен состанок одржан во општина Теарце од г-дин Нухи Незири, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Тетово, г-дин Африф Арифи, Арлинда Муареми од Центарот за управување со кризи-Тетово, претседателот на советот на општината Теарце г-дин Бесник Османи, како и членови од кризниот штаб во општина Теарце.
Кризниот штаб одржа вонреден состанок на кој беше разгледана актуелната состојба и беа утврдени мерките што треба да се преземат во иднина, поради елементарната непогода што го зафати селото Теарце и Непроштено. Општата констатација беше дека ситуацијата е под контрола и дека веднаш се преземени соодветни мерки за надминување на ситуацијата.
Претставниците на горенаведените институции излегоа на терен и врз основа на поднесените барања до општината од оштетените ќе се изврши проценка на штетата.
Градоначалникот на општината Нухи Незири им се заблагодари на претставниците на институциите за итната помош, а особено на граѓаните за соработката.

Copyright © 2021 - Општина Теарце · All Rights Reserved