Официјална посета на општина Хани и Елезит реализирана од страна на градоначалникот на Теарце г. Нухи Незири во петок, 18.02.2022г.

 

Воспоставување соработка и размена на меѓусебни искуства и многу други теми беа во фокусот на разговорот меѓу двајцата градоначалници и соработници на двете општини.

 

 

Градоначалникот на Теарце придружуван од г.Атмир Лума, шеф на кабинет и г. Бесим Имери, раководител на Секторот за локален економски развој беа пречекани од градоначалникот на Хани и Елезит, г. Мехмет Балажи, г-дин Нежмедин Даци, директор за урбанизам и просторно планирање, г-ѓа Натира Калиси, директор на генерална администрација, г-ѓа Кимете Кука-Хасалари, директор за здравство и социјална заштита и г-ѓа Мајлинда Калоши, директор за економски развој.

 

Двете делегации разговараа за многу важни теми за воспоставување врски за соработка со цел олеснување и унапредување на проектите за економски развој, размена на искуства и други активности, како и воспоставување иницијативи за проекти вклучени во прекугранична соработка со поддршка на ИПА програмите на ЕУ.

 

 

 

Во продолжение на прославата на независноста на Косово, градоначалниците на двете општини се поклонија на гробиштата на загинатите во „Пусет е Никс“.

 

Од канцеларијата за јавно информирање на Општина Теарце.

Општина Теарце www.TEARCE.gov.mk