Градоначалникот на општина Теарце г.Нухи Незири го пречека заменик амбасадорот на Европската Унија г.Јулиан Васало.

 

Денес, Градоначалникот на општина Теарце г.Нухи Незири го пречека заменик амбасадорот на Европската Унија г.Јулиан Васало. На средбата се дискутираше за проектите финансиски подржани од Европската Заедница преку програмата на ИПА и другите европски фондови, тие кои се во реализација како и проектите кои се планирани за реализација во иднина.


Во локацијата каде се реализират работите се презентираше проектот за изградба на системот за наводнување во с.Теарце во склоп на проектот “ Системите за наводнување, со ниска цена, прифатлива за животната средина“. Проектот е финансиран од ЕУ преку програмите на ИПА фондовите и Министерството за Земјоделство, шумарство и водостопанство.


Имаше и презентација на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г. Љупчо Николовски како и претставници од реализационата фирма и супервизори кои ги објаснија деталите за проектот, како и работите на терен.


Од Канцелријата за Јавно Информирање на Општина Теарце.

 

Општина Теарце www.TEARCE.gov.mk