Донација во ОУ „Фаик Коница“ с. Одри

Во просториите на ООУ„Фаик Коница“ с. Одри, градоначалникот на општина Теарце, г. Нухи Незири, придружуван од одговорниот за образование, претставници од добротворното здружение ЛДС - Дарон & Карен Хадок, како и од г. Мухаедин Бела, пријател на двете страни, ги посетија училишните простории каде што се поставени нови прозорци во оваа училишна зграда. Оваа инвестиција ќе создаде поповолни услови за заштеда на енергија и потопли средини.
Градоначалникот на општината им се заблагодари на нашите американски пријатели за понудената помош, со надеж дека оваа меѓусебна соработка ќе продолжи и уште повеќе ќе се продлабочува.

Според динамичкиот план, во овој објект ќе се продолжи со други инвестиции согласно итните потреби.

Во знак на почит кон донаторите, општината им додели по еден скромен подарок.

Од канцеларија за информации
Општина Теарце www.TEARCE.gov.mk